• A-
  • A
  • A+
четврток, 19 октомври 2017, 

ЛИ 2017/ Шилегов на средби со граѓаните на Центар

ЛИ 2017/ Шилегов на средби со граѓаните на Центар

Скопје, 7 октомври 2017 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, од СДСМ Петре Шилегов во текот на единаесеттиот ден од кампањата за локални избори 2017 вчера го посети кино Култура, каде се сретна со луѓето кои создаваат култура во градот надвор од градските институции.

Шилегов вети поддршка за целосно искористување на просторот во кино Култура и поддршка за програмските активности.

- Поранешното кино „Култура“, повеќе од една деценија беше целосно затворено и руинирано. Еден мал дел од овој објект, последниве две години функционира независна културна сцена, но со поддршка на Град Скопје, што ќе следи по 15 октомври, целиот негов капацитет ќе биде искористен и ставен во функција. Нашата програма предвидува ваквите простори, што ги има во Скопје да се искористуваат, а не да бидат препуштени на забот на времето. Ги ослободуваме од партиските и идеолошките стеги, затоа што културата треба да биде за сите. Соодветно на тоа, буџетите и програмските активности треба да се зголемуваат. Активните уметници ќе имаат отворени врати за своите активности во зградите на културата и за настаните во организација на Градот Скопје, нагласи тој.

Шилегов додаде дека Зоолошката, библиотеките и Детскиот културен центар – Карпош се отвораат за сите, овозможувајќи им на децата и на родителите квалитетни културни содржини и едукација во институциите на културата.

Петре Шилегов во текот на вчерашниот ден оствари и голем број средби со граѓаните од населбите Тафталиџе и Карпош 4. Заедно со кандидатот за градоначалник за општина Карпош, Стефан Богоев и пратеникот Мухамед Зекири, го посетија и Нерези.

Шилегов денеска ќе се сретне со претставници на малцинствата во Скопје, како што се Хрвати, Црногорци, Египќани, Словенци, со коишто ќе потпише меморандум за соработка, по што ќе ја потпише декларацијата „Фридрих Еберт“.

Во 11:30 часот ќе даде изјава за медиуми во киното на Железничката зграда зад ТЦ Буњаковец. ац/10:21

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Турската полиција ослободи 7.500 жаби одземени од ловокрадци

Турската полиција пушти на слобода околу 7.500 жаб...

Седум соништа кои претскажуваат свадба

На сите ни се случило да сонуваме нешто за коешто ...

Како државите ги добиле своите називи

Едно неодамнешно истражување спроведено во Оксфорд...

Алкотраз - ноќен клуб во кој е дозволено да „прошверцувате“ пијалак

Првиот лондонски коктел бар Алкотраз, кој е инспир...

Објавени најстрашните локации во Англија во пресрет на Ноќта на вештерките

Здружението Инглиш херитејџ објави список на некол...