• A-
  • A
  • A+
вторник, 24 октомври 2017, 

Снег во делови на Србија и БиХ

Снег во делови на Србија и БиХ

Белград/Сараево, 7 октомври 2017 (МИА) - Во повисоките предели на делови од Србија и Босна и Херцеговина од ноќеска паѓа снег, кој предизвикува порблеми во нормалното одвивање на сообраќајот.

Како што соопшти јавното претпријатија „Патишта на Србија“, снег паѓа во повеќе делови во западна Србија, а поради снежната покривка на коловозот во прекин е сообраќајот на патниот правец Ивањица - Преко Брдо. 

Снег во текот на ноќта и претпладнево паѓа на планините Златар, Златибор, Јадовник, Јавор, Муртеница и Чемерница во западниот и југозападниот дел на Србија.

Врнежи од снег се регистирани и долж течението на реката Лим, на местата од над 400 метри надморска висина, како и во градот Нова Варош.

Снег паѓа и на повисоките планински предели во средна и источна Босна и Херцеговина, поради што властите препорачуваат внимателни возење на патните правци во овие региони.

На планината Јахорина е формирана снежна покривка во висина од 20 сантиметри, а во градот Калиновик од пет сантиметри.

Во остантите делови на Балканот преовладува претежно дождливо време. сп/10:40

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.