• A-
  • A
  • A+
четврток, 14 декември 2017, 

Ли 2017/ Тоневски: Граѓаните на Пробиштип заслужуваат модерна општина

Ли 2017/ Тоневски: Граѓаните на Пробиштип заслужуваат модерна општина

Пробиштип, 7 октомври 2017 (МИА) - Граѓаните на општина Пробиштип заслужуваат да живеат во модерна, урбанистички и инфраструктурно уредена општина, изјави кандидатот на ВМРО за градоначалник, Тони Тоневски.

- Со сите проекти кои ги реализиравме во изминатите осум години, ликот на нашата општина е целосно променет, додаде тој.

Тој ги наброја исполнетите ветувања за изградба на филтер станица, градски пазар, капела, изградба на улици, изградба на спортски терени, реконструкции на училишта и јавните објекти придонесоа за подобри услови и повисок стандард за живеење.

- Индустриските зони кои ги направивме веќе ги даваат своите резултати, рече Тоневски.

Тој додаде дека со новата програма се предвидени уште поголеми инвестиции за квалитетна инфраструктура, нови проекти за подобро и поквалитетно образование, нови проекти за поголема детска и социјална заштита, проекти за чиста и здрава животна средина.

Во наредниот период, меѓу другото, како што најави фосукот ќе биде на изградба на пречистителна станица за отпадни води.

- Со изградбата ќе се реши долгогодишниот проблем на жителите на Пробиштип и Ратавица, а нејзината изградба ќе доведе и до унапредување на животната средина, додаде тој.

Предвидено е извршувфање рехабилитација на постоечкиот систем за водоснабдување, автоматизација на пумпите во Ратавица и изградба на систем за снабдување со техничка вода.

- Пробиштип има потенцијал за користење на обновливите извори на енергија. Токму затоа ќе формираме јавно претпријатие за производство на електрична енергија кое ќе изврши поставување на сончеви панели на повеќе локации, како и поставување на турбини во примарната водоводната мрежа за производство на електрична енергија. Ќе ја доизградиме инфраструктурата во двете индустриски зони. Преку отворање на Бизнис инкубатор ќе обезбедиме канцелариски простор и поддршка на младите претприемачи за отпочнување на сопствен бизнис, додаде тој.

Тој вети и продолжување на доасфалтирање на улиците кои останаа неасфалтирани во градот Пробиштип, како и улиците во Злетово, Древено, Турско Рудари, Трипатанци, Лезово.

 

- Општина Пробиштип после еден подолг период на стагнација, започна да бележи економски раст, станавме општина во која започнаа да се отвораат нови работни места. Станавме општина која е препознатлива по големиот број на реализирани проекти, проекти од значење за сите граѓани, додаде кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. ац/11:59

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Ноќва на небото ќе биде видлив меторски дожд

Метеорскиот дожд Геминида ноќва ќе биде видлив во ...

Бездомник нашол 300.000 евра на аеродромот Шарл де Гол во Париз

Полицијата во францускиот главен град Париз трага ...

Принцовите Вилијам и Хари на премиерата на „Војна на ѕвездите" во Лондон

Британските принцови Вилијам и Хари, на изненадува...

Натпревар во „неправење ништо“ во Тајван

Студент од Хонг Конг по име Чан Кај-хо е победник ...

Порше започна со производство на мед

Компанијата Порше е позната по тоа што прави квали...