• A-
  • A
  • A+
понеделник, 11 декември 2017, 

ЛИ2017/ Марин: Нова градинка и пазар во Мичурин

ЛИ2017/ Марин: Нова градинка и пазар во Мичурин

Скопје, 7 октомври 2017 (МИА) - Мичурин ќе добие нова детска градинка, со што ќе се зголемат капацитетите и децата ќе добијат подобра грижа, вети денеска кандидатот за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ Златко Марин.

Тој пред жителите на урбаните заедници Мичурин и Острово рече дека во неговата програма има предвидено низа сообраќајни решенија, за поголема безбедност и намалување на сообраќајниот метеж.

-Во соработка со Град Скопје ќе отвориме нови коридори за излез од општината, за да се намали теретот на булеварите „Јане Сандански“ и „Трета Македонска Бригада“, истакна Марин.

Најави дека ќе се постави и соодветна сообраќајна сигнализација околу училиштата „Блаже Конески“ и „Браќа Миладиновци“, а и дека предвидена е и обележана пешачка зона од ТЦ „Скопјанка“ до училиштето „Браќа Миладиновци“.

Марин вети дека ќе отвори нов пазар и дека ќе го врати во функција подземниот премин меѓу двете урбани заедници, под булеварот „Јане Сандански“. бк/12:03

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ