• A-
  • A
  • A+
сабота, 24 февруари 2018, 

ЛИ2017/ Александар Наумоски: Секој граѓанин добива еднаков третман, општината е отворена и услужна

ЛИ2017/ Александар Наумоски: Секој граѓанин добива еднаков третман, општината е отворена и услужна

Скопје, 7 октомври 2017 (МИА) - Отворање на општинска канцеларија која ќе ги опслужува граѓаните од населените места Стопански Двор, Кисела Јабука, Ново Село, Волково, Пржина, Никиштани и Кучково во Волково, вети денеска кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од СДСМ Александар Наумовски.

- Граѓаните ќе можат на едно место да ги поднесуваат своите барања за сите сфери од надлежноста на општината. Примените барања и предлози ќе бидат администрирани од општината и преку истата истурена канцеларија на општината ќе им бидат вратени одговори на граѓаните. На овој начин тие непосредно учествуваат во локалната самоуправа, истакна Наумовски.

Според него ова го олеснува и решавањето на проблемот со легализацијата на земјиштето, со кој проблем се соочува дел од општината поради немање планска документација, а граѓаните побрзо и полесно ќе ги доставуваат документите на едно место.

Наумовски рече дека планираат да организираат отворени денови, каде Ѓорчепетровци ќе добиваат информации за буџетските средства, отворено ќе ги споделат своите идеи со општинсата администрација. бк/12:22

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кинези завршија во затвор поради јапонски униформи

Кинеските власти казнија со затворска казна од 15 ...

Само еден твит на Кајли Џенер ја урна вредноста на „Снепчет“

Само еден твит на ријалити ѕвездата Кајли Џенер за...

Стивен Фрај боледува од рак на простата

Познатиот британски актер Стивен Фрај објави дека ...

Во Британија продаден чајник за 650 илјади евра

Колекционер од Велика Британија на аукција продаде...

Линдзи Вон ја расфрли пепелта од својот дедо во Пјонгчанг

Американската скијачка Линдзи Вон му оддаде чест н...