• A-
  • A
  • A+
сабота, 24 февруари 2018, 

ЛИ 2017/ Јанчев: Средбата за „Фени" пример на злоупотреба на службената должност за изборни цели

ЛИ 2017/ Јанчев: Средбата за „Фени" пример на злоупотреба на службената должност за изборни цели

Кавадарци, 7 октомври 2017 (МИА) - Ова е класичен пример на злоупотреба на службената должност од страна на власта во изборни цели, рече денеска на прес-конференција кандидатот за градоначалник на Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Митко Јанчев, по информациите, како што рече, дека неговиот противкандидат остварил средба со превозниците од Фени индустри и вице премиерот за економски прашања на Република Македонија. 

- Напоменуваме дека превозниците се свесни за оваа предизборна манипулација и дека истите имаат организирани форми на здружување и застапување на сопствените интереси. А тоа е Здружение на транспортери преку републичката Стопанска комора, нагласи Јанчев.

Според него „власта е видно вознемирена и уплашена од поразот кој им претстои на локалните избори и ги прави последните очајнички чекори". сд/ац/12:31

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Кинези завршија во затвор поради јапонски униформи

Кинеските власти казнија со затворска казна од 15 ...

Само еден твит на Кајли Џенер ја урна вредноста на „Снепчет“

Само еден твит на ријалити ѕвездата Кајли Џенер за...

Стивен Фрај боледува од рак на простата

Познатиот британски актер Стивен Фрај објави дека ...

Во Британија продаден чајник за 650 илјади евра

Колекционер од Велика Британија на аукција продаде...

Линдзи Вон ја расфрли пепелта од својот дедо во Пјонгчанг

Американската скијачка Линдзи Вон му оддаде чест н...