• A-
  • A
  • A+
понеделник, 11 декември 2017, 

Рохани: Никој може да ги поништи придобивките од нуклеарниот договор

Рохани: Никој може да ги поништи придобивките од нуклеарниот договор

Техеран, 7 октомври 2017 (МИА) - Никој не може да ги поништи придобивките што ги има Иран од договорот за неговата нуклеарна програма, па ниту американскиот претседател Доналд Трамп, изјави денеска шефот на иранската држава Хасан Рохани.  

- Ние имаме придобивки кои се неповратни. Никој не може да ги поништи, ниту Трамп, па ниту 10 други Трампови, изјави Рохани во обраќање пред студенти на Техеранскиот универзитет.

Тој ги повика САД на се откажуваат од договорт, додавајќи дека ако го сторат тоа „целиот свет ќе ја осуди Америка, а не Иран“.

Договорот за нуклеарната програма на Иран беше постигнат во 2015 година меѓу Техеран и шесте светски сили - САД, Русија, Велика Британија, Франција, Германија и Кина.

Според договорот, Иран треба да го предаде својот збогатен ураниум и да отстрани најголем дел од центрифугите кои се користат за преработка на ураниум, а САД и европските држави значително ги ублажија санкциите воведени кон Техеран.

„Вашингтон Пост“, повикувајќи се на извори во Белата куќа, во четвртокот објави дека Трамп следната недела ќе ја повлече поддршката за договорот, потег што би довел до негово пропаѓање.

Според весникот, Трамп веројатно на 12 октомври ќе одржи говор во кој ќе ја презентира својата стратегија за Иран. сп/14:56

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.