• A-
  • A
  • A+
понеделник, 11 декември 2017, 

ЛИ2017/ Георгиевски: Ќе го посетувам секое населено место и ќе бидам отворен за секој предлог

ЛИ2017/ Георгиевски: Ќе го посетувам секое населено место и ќе бидам отворен за секој предлог

Скопје, 7 октомври 2017 (МИА) - Вклучување на граѓаните во поставувањето на приоритетите при носењето на општинскиот буџет и транспарентно известување за трошењето на истиот, вети денеска кандидатот за градоначалник на оптина Гази Баба од СДСМ Борис Георгиевски.

-Ќе имаме отворени денови во кои јас како иден градоначалник ќе го посетувам секое населено место и ќе бидам отворен за секој предлог, сугестија или критика од нашите граѓани. Новата локална самоуправа ќе биде отворена за да може секој граѓанин да добие навремени, квалитетни и евтини услуги на едно место, истакна Георгиевски.

Најави враќање на функционирањето на месните и урбаните заедници кои, според него, ќе бидат основната клетка во општината. бк/15:12

###

.

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ