• A-
  • A
  • A+
четврток, 14 декември 2017, 

Меркел сака владина коалиција со либералите и зелените

Меркел сака владина коалиција со либералите и зелените

Берлин, 7 октомври 2017 (МИА) - Германската канцеларка Ангела Меркел денеска порача дека најдобро решение за Германија ќе биде нејзиниот конзервативен блок да формира владинна коалиција со либералната Слободна демократска партија (ФДП) и со левоцентристичката алијанса Зелени.

- Ќе настојувам да формирам влада со ФДП и Зелените, изјави Меркел во Дрезден во обраќање на собир на подмладокот на нејзината Христијанско демократска унија (ЦДУ).   

Таа истакна дека ќе преговара со либералите и со зелените за изработка на коалициска платформа, која потоа ќе ја достави на усвојување пред раководството на ЦДУ.

Меркел најави дека преговорите ќе ги отопчне утре и тоа прво со помалиот партнер во нејзиниот конзервативен блок, баварската сестринска партија на ЦДУ, Христијанско социјалната унија (ЦСУ).

ЦСУ изминатиов период остро ја критикуваше политиката на Меркел за „отворени врати за беглаците“ и уште пред изборите бараше Владата да утврди годишни квоти за доделување на азил на мигрантите.  

Меркел потенцира дека и натаму е уверена во својот став дека германските закони за азил не дозволуваат воведување на какви било квоти, но нагласи дека сепак ќе се обиде да постигне договор со ЦСУ за ова прашање.

По паралментарните изборите на 24 септември, на кои победи блокот ЦДУ/ЦСУ, на Меркел единствена опција за формирање влада и остана создавањето на т.н. „Јамајка“ коалиција со либералите и зелените, откако досегашниот коалициски партнер, Социјалдемократската партија на Германија (СПД) реши да премине во опозиција. 

Меркел по изборите изјави дека ќе ја очекуваат тешки преговори за нов коалициски договор, но изрази надеж дека до крајот на годината Германија ќе добие нова Влада. сп/15:26

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Ноќва на небото ќе биде видлив меторски дожд

Метеорскиот дожд Геминида ноќва ќе биде видлив во ...

Бездомник нашол 300.000 евра на аеродромот Шарл де Гол во Париз

Полицијата во францускиот главен град Париз трага ...

Принцовите Вилијам и Хари на премиерата на „Војна на ѕвездите" во Лондон

Британските принцови Вилијам и Хари, на изненадува...

Натпревар во „неправење ништо“ во Тајван

Студент од Хонг Конг по име Чан Кај-хо е победник ...

Порше започна со производство на мед

Компанијата Порше е позната по тоа што прави квали...