• A-
  • A
  • A+
недела, 22 октомври 2017, 

ЛИ 2017/ Заев: 70 милиони евра од Буџетот и 100 милиони евра од Светска банка за развој на бизнисот

ЛИ 2017/ Заев: 70 милиони евра од Буџетот и 100 милиони евра од Светска банка за развој на бизнисот

Струмица, 7 октомври 2017 (МИА) - Поддршка од 30-50 проценти за нови инвестиции на домашните компании, 70 милиони евра од Буџетот за 2018 година и уште стотина милиони евра од Светска банка за развој на бизнисот, најави денеска премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев на средбата со деловната заедница во Струмица.

- Се надевам дека овие пари ќе бидат искористени, државата треба да троши пари, колку повеќе вбризга во стопанството толку подобро. Наша задача беше да отвориме можност за вакви огромни милиони евра пари. Тоа ќе бидат проекти за следниот буџет. Ги поттикнувам бизнисмените да мислат, да прават идеи за да може да ги искористат сретствата, рече Заев.

Тој додаде дека Македонија има шанса бргу да оди напред, бизнисот да се развива, да се отвораат нови работни места со пристојни плати кои, како што рече, би ги задржале младите тука.

- Струмица е една од поразвиените општини и може да трасира нови, современи и уште поавангардни патишта за развој и раст кои придонесуваат за севкупниот раст на Македонија. Многу добро ги познавам струмичките бизнисмени зошто сум соработувал со нив и верувам дека капацитетот кој го имаат може да биде одлична можност за развој на Општина Струмица, рече Заев.

Тој додаде дека струмичката бизнис заедница разговарале и за нови можности за отворање на Струмица кон светот, но и за можностите кои државата ги нуди за развој на економијата. кд/ац/16:45

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.