• A-
  • A
  • A+
четврток, 14 декември 2017, 

ЛИ2017/ Поддршка од Бошковски за кандидатот за градоначалник на СДСМ за Штип

ЛИ2017/ Поддршка од Бошковски за кандидатот за градоначалник на СДСМ за Штип

Штип, 7 октомври 2017 (МИА) - Лидерот на Обединити за Македонија, Љубе Бошковски денеска имаше средба со членството и граѓаните во Штип, но истовремено му даде поддршка и на кандидатот за градоначалник на СДСМ за Општина Штип, Благој Бочварски, бидејќи како што рече тој Бочварски е човек без дамка.

-Ние како Обидинети за Македонија веруваме во победата, веруваме дека сите ветувања дадени од Благој ќе бидат исполнети. Затоа застануваме цврсто зад него. Веруваме дека се што е ветено од Премиерот на Македонија ќе биде исполнето. Убаво е навистина за овој град конечно да се случат промените да дојде вистинска власт, да се замени веќе една стара кримонегена структура која го држи целиот град во заложништво, рече Бошковски.

Според него овие Локални избори се референдум и, како што рече, борба за рушење на Груевизмот и враќање на демократијата. Кандидатот за градоначалник на СДСМ за Општина Штип, Бочварски се заблагодари на поддршката од Бошковски и на членовите на Обединети за Македонија. вдј/бк/16:42

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Ноќва на небото ќе биде видлив меторски дожд

Метеорскиот дожд Геминида ноќва ќе биде видлив во ...

Бездомник нашол 300.000 евра на аеродромот Шарл де Гол во Париз

Полицијата во францускиот главен град Париз трага ...

Принцовите Вилијам и Хари на премиерата на „Војна на ѕвездите" во Лондон

Британските принцови Вилијам и Хари, на изненадува...

Натпревар во „неправење ништо“ во Тајван

Студент од Хонг Конг по име Чан Кај-хо е победник ...

Порше започна со производство на мед

Компанијата Порше е позната по тоа што прави квали...