• A-
  • A
  • A+
четврток, 18 јануари 2018, 

Неколкумина повредени кога автомобил удри во група луѓе на тротоар во Лондон (ДПЛ)

Неколкумина повредени кога автомобил удри во група луѓе на тротоар во Лондон (ДПЛ)

Лондон, 7 окотмври 2017 (МИА) - Неколку лица се повредени попладнево кога автомобил удри во група луѓе на тротоарот пред Природонаучниот музеј во Лондон, соопшти лондонската полиција.

Во соопштението се посочува дека полицијата во 14.21 часот по локално време (15.21 по средноевропско време) била известена за „судар“ пред Музјеот, што се наожа во Јужен Кенсингтон. 

Се верува дека се повредени одреден број пешаци. Во тек е истрага за утврдување на околностите и причините за инцидентот, соопшти полицијата, додавајќи дека во врска со настанот е приведено едно лице.

Полицец прустен на местото во време на инцидентот за Би-Би-Си изјави дека верува оти пешаците минале со „минорни“ повреди.

Природонаучниот музеј е една од најпопуларните туристички атракции во Лондон. сп/17:00

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Папата венча стјуардеса и стјуард во авион

Папата Франциско ги венчаше стјуардесата и стјуард...

Волк побегна од резерват во близина на училиште во британскиот град Рединг

Волк избега од резерват за диви животни, кој е во ...

Харвард работи на „таблета за генијалност"

Научници од Универзитетот Харвард сметаат дека „ск...

Воз што лае пуштен во промет во Јапонија

Во Јапонија е пуштен во промет воз што преку звучн...

Ќе се снима ТВ серија за контроверзната книга за Доналд Трамп

Книгата на новинарот Мајкл Вулф, „Fire and Fury: I...