• A-
  • A
  • A+
понеделник, 11 декември 2017, 

ЛИ 2017/ Николовски: Продолжуваме со поддршка на земјоделците

ЛИ 2017/ Николовски: Продолжуваме со поддршка на земјоделците

Струмица, 7 октомври 2017 (МИА) - Струмица пред неколку дена доби агрометеоролошка станица што ќе им помага на земјоделците за мерките кои треба да ги преземат за нивното производство, најави денеска Љупчо Николовски, член на ИО на СДСМ, кој даде поддршка на кандидатите на СДСМ за претстојните локални избори, Марјан Даскаловски, носител на советничката листа и Коста Јаневски, кандидат за градоначалник.

- Исплативме над 70 милиони евра субвенции во последниве три месеци. Воведовме нови мерки и нова поддршка за сите земјоделци. За 10 отсто ги зголемивме субвенциите по хектар за градинарските култури, рече Николовски.

Тој рече дека промените во Македонија започнаа од Струмица, а во периодот зад нив се фокусирале, на како што рече, подобрување на положбата на земјоделците. кд/ац/16:51

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.