• A-
  • A
  • A+
четврток, 19 октомври 2017, 

Спречен обид за напад врз кралската палата во Џеда

Спречен обид за напад врз кралската палата во Џеда

Ријад, 7 октомври 2017 (МИА) - Саудиските безбедносни сили спречија обид за вооружен напад врз кралската палата „Дар ас Салам“ во градот Џеда, објави електронското издание на локалниот весник „Рај ал Јаум“ 

Според весникот, кој се повикува на безбедносни извори, во близина на палатата дошло до престрелка, при што загинале напаѓачот и неколку припадници на обезбедувањето на резиденцијата.

Саудиските власти досега не ги коментираа ваквите информации. 

Претходно, американската амбасада во Саудиска Арабија ги предупреди државјаните на САД „да бидат внимателни“ доколку се движат во реонот околу кралската палата во Џеда, бидејќи добила информации дека во тој дел „дошло до престрелки и дека има загинати“.   

Во соопштението се посочува дека Амбасадата добила неколку непотврдени дојави оти саудиските безбедносни сили спречиле обид за напад во близина на кралската палата.

Палатата „Дар ас Салам“ е државна резиденција во која се наоѓа кабинетот на саудискиот крал и се одржуваат седниците на Владата.

Изминативе месеци саудискаите власти информираа дека спречиле неколку обиди за терористички напоади во земјата. сп/17:13

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Турската полиција ослободи 7.500 жаби одземени од ловокрадци

Турската полиција пушти на слобода околу 7.500 жаб...

Седум соништа кои претскажуваат свадба

На сите ни се случило да сонуваме нешто за коешто ...

Како државите ги добиле своите називи

Едно неодамнешно истражување спроведено во Оксфорд...

Алкотраз - ноќен клуб во кој е дозволено да „прошверцувате“ пијалак

Првиот лондонски коктел бар Алкотраз, кој е инспир...

Објавени најстрашните локации во Англија во пресрет на Ноќта на вештерките

Здружението Инглиш херитејџ објави список на некол...