• A-
  • A
  • A+
вторник, 12 декември 2017, 

Неколкумина повредени кога автомобил удри во група луѓе на тротоар во Лондон (ДПЛ)

Неколкумина повредени кога автомобил удри во група луѓе на тротоар во Лондон (ДПЛ)

Лондон, 7 окотмври 2017 (МИА) - Неколку лица се повредени попладнево кога автомобил удри во група луѓе на тротоарот пред Природонаучниот музеј во Лондон, соопшти лондонската полиција, додавајќи дека случајот не претставува терористички чин.  

Во соопштението се посочува дека полицијата во 14.21 часот по локално време (15.21 по средноевропско време) била известена за „судар“ пред Музјеот, што се наоѓа во Јужен Кенсингтон во центарот на Лондон. 

Се верува дека се повредени одреден број пешаци. Во тек е истрага за утврдување на околностите и причините за инцидентот, соопшти полицијата, додавајќи дека во врска со настанот е приведено едно лице.

Полицаец прустен на местото во време на инцидентот за Би-Би-Си изјави дека верува оти пешаците минале со „минорни“ повреди.

Британскиот јавен сервис информира дека веднаш по инцидентот пред Музејот пристигнале поголем број полициски и амбулантни возила и вооружени полицајци, а реонот го надлетувал и хеликотер.

Телевизјата Скај пак прикажа аматерска снимка на која се гледа како група полицајци држат легнат на земја црномурест маж, покрај црн автомобил марка „Тојота“.

Според телевизјата, станува збор за возачот, кој со автомобилот преминал на тротоарот и откако удрил во неколку лица, застанал пред зградата на музејот. Телевизијата нагласува дека „станува збор за обичен инцидент“.

Претставник на Музјеот соопшти дека објектот е затворен и никому не му е дозволено да влезе во него, додека лицата што се затекнати во зградата ја напуштаат преку споредните излези.

Природонаучниот музеј е една од најпопуларните туристички атракции во Лондон. сп/17:29

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Затвореник им се предаде на властите по 20 години минати во бегство

Затвореникот Гасан Салех (66), кој пред 20 години ...

Писториус повреден во затворска тепачка

Некогашниот параолимпиец Оскар Писториус е повреде...

Почина американски војник кој пијан дезертираше во Северна Кореја

Американски војник, кој пред повеќе од половина ве...

Егзибиционист од Кина ја сними својата смрт

Кинезот Ву Јонгнинг (26), кој важеше за Јутуб ѕвез...

Објавени номинациите за Златен глобус

Во Лос Анџелес синоќа беа објавени номинациите за ...