• A-
  • A
  • A+
вторник, 12 декември 2017, 

Дваесетина затруени во кујната на Советот на Европа

Дваесетина затруени во кујната на Советот на Европа

Брисел, 13 октомври 2017 (МИА) - Во кујната на Советот на ЕУ во Брисел денеска се затруле 15 до 20 лица, јавија локалните медиуми, нагласувајќи дека се работи за првични информации.

Под засега нејасни услови, во кујната „неправилно биле измешани производи“ што довело до ослободување на отровни гасови. Според очевидци, на лице место се испратени повеќе возила на Брза помош и ситуацијата е под контрола.

Петмина од затруените се пренесени в болница.

Инцидентот се случил во постарата зграда на Советот „Јустус Липсиус“. Со мензата во овој објект стопанисува приватна компанија, која служи меѓународни делегации и сите посетители на комплексот, вклучувајќи ја и новоотворената зграда „Европа“.

Од почетокот на годинава во „Европа“ заседаваат претседатели, премиерите и министрите од ЕУ. Следната недела во комплексот ќе се одржи редовниот состанок на Европскиот совет. јт/сп/12:47

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Суданки казнети со 40 камшици оти носеле панталони

Дваесет и четири Суданки се соочуваат со казна од ...

Уругвај: Скара за во „Гинис“

Уругвај го собори Гинисовиот рекорд во печење скар...

Севернокорејскиот лидер го контролира и времето

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се искачи на н...

Италијанец го премина Тибар одејќи по јаже

Италијанскиот еквилибрист Андреа Лорени, одејќи по...