• A-
  • A
  • A+
вторник, 12 декември 2017, 

Лариџани: Плановите на САД за иранскиот нуклеарен договор ќе доведат до хаос

Лариџани: Плановите на САД за иранскиот нуклеарен договор ќе доведат до хаос

Санкт Петербург, 13 октомври 2017 (МИА) - Претседателот на иранскиот Парламент Али Лариџан изјави дека плановите на САД за иранскиот нуклеарен договор и нивната политика на санкции кон Техеран и Русија можат да доведат до хаос во меѓународните односи.

- Најверојатно започнале со некои дејствија, кои во крајна сметка ќе доведат до нереди на меѓународната арена. Доказ за тоа се санкциите воведени кон Иран и кон Русија, како и мерките кои од неодамна беа преземени за нуклеарниот договор со Иран, посочи Лариџани на средбата со претседателот на Долниот дом на рускиот Парламент, Вјачеслав Володин во Санкт Петербург.

Лариџани наведе дека ако САД не се придржуваат до Договорот за иранската нуклеарна програма тогаш истиот целосно ќе биде поништен, 

- Во последните месеци Американците во повеќе наврати го прекршија нуклеарниот договор, истакна Лариџани. 

Американскиот претседател Доналд Трамп во текот на денот, според најавите, ќе ја повлече поддршката за нуклеарниот договор со Иран и  ќе ја претстави новата стратегија. ми/13:31

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Суданки казнети со 40 камшици оти носеле панталони

Дваесет и четири Суданки се соочуваат со казна од ...

Уругвај: Скара за во „Гинис“

Уругвај го собори Гинисовиот рекорд во печење скар...

Севернокорејскиот лидер го контролира и времето

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се искачи на н...

Италијанец го премина Тибар одејќи по јаже

Италијанскиот еквилибрист Андреа Лорени, одејќи по...