• A-
  • A
  • A+
недела, 22 октомври 2017, 

ЛИ 2017/ Касами: Гостивар ни е важен и ќе ја добие поддршката на БЕСА

ЛИ 2017/ Касами: Гостивар ни е важен и ќе ја добие поддршката на БЕСА

Гостивар, 13 октомври 2017 (МИА) - Предизборен митинг под мотото „За нов живот“ синоќа во Центарот за култура во Гостивар одржа Движењето БЕСА, на кој ја претставија предзборната програма.

Лидерот на Движењето БЕСА, Биљал Касами смета дека победата во Гостивар ќе биде значајна и за албанците и за Полошкиот регион и испрати порака дека победуваат на овие избори.

- Движењето БЕСА е тука за да му даде доверба на Гостивар. Нашиот кандидат, Асаф Адеми ќе биде предводник на Гостивар и ќе ја води општината напред. Полог е срцето на албанците во Македонија и затоа имаме многу проекти за развој на овој регион. Со Асаф Адеми, ќе имате поддршка од Европа за развој на Гостивар и поддршка на сите албанци во регионот, рече Касами.

Кандидатот за градоначалник од редовите на БЕСА, Асаф Адеми напомена дека на гостиварската општина и престојат значајни инвестиции.

- Имаме проекти кои ќе ги решат проблемите со кои се соочуваат жителите на Гостивар. Еден од нашите најважни проекти е гасификацијата на градот. Предвидуваме и отворање на слободната економска зона во сопственост на општината, со што ќе ја намалиме невработеноста, рече Адеми.

Носителот на листата на кандидати за членови на општинскиот совет Арафат Шабани ги напомена проблемите со кои гостиварци се соочувале изминативе години.

- Гостивар со години е оставен настрана, заборавен. Во секоја сфера на животот чувствуваме недостатоци, во образованието, ја уништија животната средина, дозволија младите да заминуваат. Тие дојдоа како осободувачи, но не направија ништо друго освен што ги полнеа џебовите и ги вработуваа партиските членови. Со нас овие работи ќе завршат еднаш засекогаш, за сите да бидиме рамноправни, рече Шабани.

Од говорницата обраќања имаа и шефот на Изборниот штаб, Емрли Асани, пратеникот Фадил Зендели и членот на Централниот одбор Руфат Алили. згм/дма/12:20

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ