• A-
  • A
  • A+
вторник, 12 декември 2017, 

По преземањето од „Луфтханза“, 5.000 од вкупно 8.000 вработени во „Ер Берлин“ ќе останат без работа

По преземањето од „Луфтханза“, 5.000 од вкупно 8.000 вработени во „Ер Берлин“ ќе останат без работа

Берлин, 13 октомври 2017 (МИА) - Договорот со кој најголемиот германски авиопревозник „Луфтханза“ ќе го преземе својот главен конкурент „Ер Берлин“ ќе значи оставање без работа на 5.000 од вкупно 8.000 вработени во оваа компанија.

„Луфтханза“ вчера ја претстави својата понуда, со која за 210 милиони евра ќе откупи 81 од вкупно 140-те авиони на „Ер Берлин“ и ќе задржи 3.000 вработени.

„Ер Берлин“ подолго време работеше со загуби, а пропадна откако неговиот стратешки партнер, „Етихад Ервејз“ од Дубаи, најави дека ќе ја запре својата финансиска помош за компанијата. која должи безмалку 1,2 милијарди евра.

Синдикални претставници на „Ер Берлин“ најавија дека ќе ја тужат компанијата поради непочитување на колективните договори, но од раковоството на авиопревозникот соопшти дека се сигурно оти 80 проценти од работниците бргу ќе најдат нова работа.

Вкупната инвестиција на „Луфтханза“ во „Ер Берлин“ може да достигне 1,5 милијарди евра. цч/сп/13:21

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Суданки казнети со 40 камшици оти носеле панталони

Дваесет и четири Суданки се соочуваат со казна од ...

Уругвај: Скара за во „Гинис“

Уругвај го собори Гинисовиот рекорд во печење скар...

Севернокорејскиот лидер го контролира и времето

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се искачи на н...

Италијанец го премина Тибар одејќи по јаже

Италијанскиот еквилибрист Андреа Лорени, одејќи по...