• A-
  • A
  • A+
недела, 22 октомври 2017, 

МЕПСО ја модернизираше опремата во ТС „Струга“

МЕПСО ја модернизираше опремата во ТС „Струга“

Скопје, 13 октомври 2017 (МИА) - МЕПСО изврши ревитализација на високонапонска опрема во 110/х киловолтната трансформаторска станица „Струга“ и со тоа го зголеми нивото на доверливост и сигурност во снабдување со квалитетна електрична енергија во струшкиот регион за претстојната зимска сезона, информираат од компанијата.

Нивните стручни лица во периодот од 18 септември до 12 октомври извршиле промени на прекинувачи кои беа во експлоатација триесетина година.

- Монтирани се два нови прекинувача со што е зголемена доверливоста на електропреносниот систем и со тоа за претстојната грејна сезона е сведен на минимум ризикот од испади и дефекти. Воедно со нови беа заменети и шест мерни напонски трансформатори во постројката, а извршени се и градежни работи во полињата каде е поставена примарната опрема. Во процесот на ревитализација на опремата во оваа трафостаница МЕПСО вложи околу 100.000 евра, прецизираат од МЕПСО.

ТС Струга

Ревитализацијата на високонапонска опрема во трафостаницата „Струга“ е дел од тековните активности за модернизација на постројките од преносната мрежа. За овој процес МЕПСО лани во октомври набави високонапонска опрема во вредност од 1,87 милиони евра што е дел од заемот од Европската банка за обнова и развој.

- Во југозападниот дел на земјава, во рамки на своите приоритети, стручните тимови на МЕПСО се ангажирани и на ревитализација во трансформаторска станица „Сопотница“ во близина на Демир Хисар и во трансформаторската станица „Битола 1“, процес што е планирано да заврши до 10 ноември, годинава, порачуваат од МЕПСО. вј/са/12:51

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ