• A-
  • A
  • A+
вторник, 12 декември 2017, 

МЗШВ ги исплати неизмирените обврски од Програмата за репродукција на шуми

МЗШВ ги исплати неизмирените обврски од Програмата за репродукција на шуми

Скопје, 13 октомври 2017 (МИА) - Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ги исплати неизмирените обврски од Програмата за проширена репродукција на шумите за 2016 година кон сопствениците на приватни шуми.

МЗШВ соопшти дека од Програмата за проширена репродукција на шумите за 2017 година исплати 21.000 евра за пошумување на сопственото земјиште со вкупна површина од 21,54 хекатри, на 16 лица. Со Програмата за минатата година беа обезбедени околу 25.000 евра за пошумување на 25 хектари земјиште во приватна сопственост, за што конкурираа 17 лица, но само едно лице не ја реализираше мерката.

Исто така, со Програмата за 2017 година се предвидува мерка за пошумување на земјиште во приватна сопственост на вкупна површина од 20,13 хектари, за што се обезбедени средства од буџетот со вкупен износ од близу 20.000 евра или речиси 1.000 евра по хектар.

Бидејќи од година во година се повеќе расте интересот на физичките лица за пошумување на земјиште што е во нивна сопственост, заложбата на МЗШВ е во иднина да се обезбедуваат повеќе средства за финансирање не само на оваа мерка за пошумување, туку во договор со сопствениците на приватни шуми, да се финансираат и други мерки што се во нивен интерес, се вели во соопштението.

Во согласност со Законот за шуми, Владата секоја година носи Програма за проширена репродукција на шумите со која се обезбедуваат средства за финансирање на повеќе мерки од областа на шумарството, како што се пошумување на голини и ерозивни земјишта, одгледување и заштита на шумите во РМ, санирање на опожарени шумски површини, како во државна така и во приватна сопственост.

За следната година буџетот за оваа Програма ќе биде зголемен за четири пати, наведуваат од МЗШВ.

Една од важните цели на Владата ќе биде зголемување на шумскиот фонд и многу поквалитетно чување на шумите и заштита од дивата сеча. Еден од главните приоритети во шумарството, кој се планира утврдување на фактичката состојба со каков шумски фонд располага Македонија, со цел правилно да се креираат политиките за управување и стопанисување со шумите во иднина, се истакнува во соопштението на МЗШВ.нд/са/13:25

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Суданки казнети со 40 камшици оти носеле панталони

Дваесет и четири Суданки се соочуваат со казна од ...

Уругвај: Скара за во „Гинис“

Уругвај го собори Гинисовиот рекорд во печење скар...

Севернокорејскиот лидер го контролира и времето

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се искачи на н...

Италијанец го премина Тибар одејќи по јаже

Италијанскиот еквилибрист Андреа Лорени, одејќи по...