• A-
  • A
  • A+
недела, 22 октомври 2017, 

ЛИ 2017/Марин: Изберете чесна, вредна и одговорна власт

ЛИ 2017/Марин: Изберете чесна, вредна и одговорна власт

Скопје, 13 октомври 2017 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ и коалицијата Златко Марин повика аеродромци в недела да излезат, да гласаат масовно и да изберат чесно раководство кое ќе работи во интерес на граѓаните. 

- Оваа недела, судбината на Аеродром ќе биде во ваши раце. Вие одлучувате дали Аеродром ќе остане најзагадена општина во Европа, дали ќе живеете во градежен хаос и сообраќаен метеж или ќе изберете чиста, модерна и напредна општина. Токму вие ќе решите дали нашата општина ќе остане заложник на неодговорна и корумпирана локална власт или ќе тргне напред со чесно раководство кое ќе работи во интерес на граѓаните, изјави Марин.

Вашиот глас, како што потенцира, е многу важен за иднината на нашата општина.

- Ве повикувам на 15 октомври масовно да излезете на гласачките места и јасно да порачате дека сакате подобар живот во својата општина. Овие избори се шанса општината да се врати онаму каде што припаѓа – во рацете на граѓаните. Токму вашиот глас е важен за подобро утре. Во недела излезете и гласајте за живот во Аеродром, нагласи Марин. мд/са/13:45

###



 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ