• A-
  • A
  • A+
недела, 22 октомври 2017, 

Вангеловски во Судот во Гевгелија го проверувал АКМИС системот

Вангеловски во Судот во Гевгелија го проверувал АКМИС системот

Скопје, 13 октомври 2017 (МИА) - Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија Јово Вангеловски и раководителот на Службата за информатика на Врховниот суд вчера биле во работна посета на Основниот суд Гевгелија за да извршат контрола на функционирањето на АКМИС системот.

- По добивањето на извештајот од анализата на функционирањето на АКМИС системот ќе бидат донесени соодветни заклучоци, за кои јавноста ќе биде информирана, соопштија денеска од Врховниот суд.

Ваквиот тип на работни посети, како што истакнуваат, се планирани во наредниот период во сите судови во Република Македонија.

Од Врховен наведуваат дека се работи за вообичаени активности во насока на подобрување на функционирањето на АКМИС системот. дма/са/13:37

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ