• A-
  • A
  • A+
недела, 22 октомври 2017, 

ЛИ2017/ Трајановски побара поддршка од скопјани за трет мандат

ЛИ2017/ Трајановски побара поддршка од скопјани за трет мандат

Скопје, 13 октомври 2017 (МИА) - Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје, Коце Трајановски денеска на прес-конференција ја побара поддршката од скопјани за неговиот трет мандат.

Осврнувајќи се на изминатите 20 дена од изборната кампања, Трајановски рече дека е задоволен од поддршката што ја добил од граѓаните.

- Сметам дека како градоначалник реализирав голем број на проекти за подобро и поубаво Скопје и сметам дека проектите предвидени во мојата изборна програма ќе придонесат за подобрување на животот на моите сограѓани. На граѓаните на Скопје им ветувам работа, работа и само работа. И сметам дека врз основа на претходно направеното и врз основа на ветеното дека ќе го добијам и третиот мандат да го водам Градот Скопје, рече Трајановски.

За следните четири години доколку го добие мандатот, Трајановски најави нови паркови и зелени површини, сообраќајни решенија, еколошки јавен транспорт, нова гимназија во Аеродром, како и инвестиции за младите, спортот, образованието и културата.

Тој побара поддршка и за советничката листа за Град Скопје бидејќи, како што рече, за непречена реализација на ветените проекти потребно е силно мнозинство во Советот на градот. бак/сд/13:32

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.