• A-
  • A
  • A+
вторник, 12 декември 2017, 

ЛИ2017/ Ангелов ги повика гостиварци да гласаат за подобра и попросперитена Македонија

ЛИ2017/ Ангелов ги повика гостиварци да гласаат за подобра и попросперитена Македонија

Гостивар, 13 октомври 2017 (МИА) - Зоран Ангелов, носител на листата со кандидати за членови гостиварскиот општински совет од редовите на СДСМ, денеска на прес конфренција од градскиот плоштад ги повика гостиварци да излезат во недела на гласање, за, како што рече, граѓаните да добијат слободна, услужна и развиена општина каде што ќе живеат и работат квалитетно. 

Тој истакна дека промената мора да стане целосна и оти сега е момент, освен централната власт, граѓаните да ги освојат и своите општини.

- Одлучете се за живот во Гостивар за сите, така како што се одлучивте за живот во Македонија. Со пенкало во рака, без поделби, со кренати глави, сплотени, мирно и достоинствено - одиме на уште една демократска победа. Сега е моментот кога мораме да ја заокружиме промената кон подобра и просперитетна Македонија, повика Ангелов.

Во Гостивар коалицијата која ја предводи СДСМ, нема кандидат за градоначалник и на овие избори настапува само со листа на кандидати за членови на совет. згм/нд/13:30

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Суданки казнети со 40 камшици оти носеле панталони

Дваесет и четири Суданки се соочуваат со казна од ...

Уругвај: Скара за во „Гинис“

Уругвај го собори Гинисовиот рекорд во печење скар...

Севернокорејскиот лидер го контролира и времето

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се искачи на н...

Италијанец го премина Тибар одејќи по јаже

Италијанскиот еквилибрист Андреа Лорени, одејќи по...