• A-
  • A
  • A+
петок, 24 ноември 2017, 

Конгресмени бараат од Трамп да воведе санкции против војската во Мјанмар

Конгресмени бараат од Трамп да воведе санкции против војската во Мјанмар

Вашингтон, 19 октомври 2017 (МИА) - Повеќе од 40 конгресмени ја повикаа администрацијата на претседателот Доналд Трамп да воведе забрана за воени лидери од Мјанмар за влез во САД и да подготви конкретни санкции против лицата одговорни за прогонот на муслиманското малцинство Рохинџи.  

Во писмо до државниот секретар Рекс Тилерсон, група демократи и републиканци од Претставничкиот дом побараа да се преземат „значителни мерки“ против воените и други лица во Мјанмар кои ги прекршиле човековите права при нападите и протерале повеќе од половина милион Рохинџи во странство.

Тилерсон, пак, пред вашингтонскиот Центар за стратешки и меѓународни студии, истакна дека САД ги сметаат за одговорни воените лидери во Мјанмар поради насилните прогони на муслиманите, но сепак не се осврна на прашањето за воведување можни санкции за прекршителите на човековите права во оваа азиска земја. паг/гт/08:37

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.