• A-
  • A
  • A+
петок, 19 јануари 2018, 

Руската претстава „Ѕверот“ најдобра на 11-тиот фестивал „Скупи“

Руската претстава „Ѕверот“ најдобра на 11-тиот фестивал „Скупи“

Скопје, 19 октомври 2017 (МИА) - „Ѕверот" во режија на Сергеј Федотов од театарот „У Моста“ од Перм, Русија, ја доби наградата за најдобра претстава на 11. Меѓународен театарски фестивал „Скупи“.

Одлуката ја донесе тричлено жири - Ѓорѓи Јолевски, Веби Ќерими и Лука Кортина.

Фестивалот беше затворен вчеравечер со изведба на последната претстава од годинашната програма - „Слугинките" на Националниот театар „Иван Вазов“ од Софија. 

Од отворањето на 12 октомври беа изведени и претставите „Куќата на Бернарда Алба“ на театарот „Андон Чајупи“ од Корча, Албанија, „Маченик” на Градскот театар Ѓаковица, Косово, изралеската монодрама „Пуши како маж“, инспирирана од животот на Фрида Кало, „Визии од сребрениот век“ на Центарот за културна деконтаминација од Белград и „Зборувај Медеја” на театарската компанија „Јирјирак“ од Техеран. хс/скс/08:29

###

 

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...

Папата венча стјуардеса и стјуард во авион

Папата Франциско ги венчаше стјуардесата и стјуард...

Волк побегна од резерват во близина на училиште во британскиот град Рединг

Волк избега од резерват за диви животни, кој е во ...

Харвард работи на „таблета за генијалност"

Научници од Универзитетот Харвард сметаат дека „ск...