• A-
  • A
  • A+
среда, 22 ноември 2017, 

ЛИ2017/Георгиевски: Гази Баба ќе добие услови за спорт и рекреација

ЛИ2017/Георгиевски: Гази Баба ќе добие услови за спорт и рекреација

Скопје, 22 октомври 2017 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на Гази Баба од СДСМ Борис Георгиевски денеска најави дека во следните четири години континуирано ќе се инвестира во спортските инфраструктурни капацитети, дека ќе ги поддржат младите спортски таленти и клубовите на територијата на општината. 

- Предвидуваме три капитални проекти во областа на спортот. Ќе изградиме нов мултифункционален спортски центар во Стајковци и Црешево, во чии рамки ќе има игралишта за мал фудбал, кошарка и тенис, атлетска и велосипедска патека и отворени фитнес-направи, вети Георгиевски. 

Тој истакна дека Автокоманда ќе добие нова спортска сала, а во рамки на постојниот СРЦ „Хиподром“, покрај придружните спортски објекти и атлетски патеки, предвидена е изградба на отворен базен со придружни содржини: вештачка карпа за алпинистичко искачување и детски катчиња.

- Финансиски ќе ги подржиме спортските школи кои работат со младите. Секое населено место ќе добие модерен спортски терен, а ќе изградиме и отворени фитнес зони и трим патеки, нагласи Георгиевски и додаде оти во следните четири години општината ќе биде отворена за спортските клубови. мд/ев/11:20

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ