• A-
  • A
  • A+
среда, 22 ноември 2017, 

Во Охрид се избира нов претседател на ССМ

Во Охрид се избира нов претседател на ССМ

Скопје, 11 ноември 2017 (МИА) - На Вонреден конгрес во Охрид денеска Сојузот на синдикати на Македонија ќе го избере новиот претседател.

Единствен кандидат е актуелниот в.д. претседател Дарко Димовски кој доаѓа од Синдикатот на СУТКОЗ.

Неговата кандидатура беше прифатена од страна на Советот и Претседателство на ССМ. 

ССМ Дарко Димовски

Покрај Димовски, за местото претседател на ССМ конкурираа и претседателот на УПОЗ, Пецо Грујовски и претседателот на Македонскиот полициски синдикат Ацо Антовски. Нивните кандидатури не поминаа на седницата на Претседателството на ССМ, според кое, тие не ги исполниле условите за кандидатура. бак/са/08:05

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.