• A-
  • A
  • A+
среда, 22 ноември 2017, 

Работилница за дистрибуција на филм на италијанската режисерка Клаудија Тоси

Работилница за дистрибуција на филм на италијанската режисерка Клаудија Тоси

Скопје, 11 ноември 2017 (МИА) - На Фестивалот за европски филм „Синедејс“ денеска во Младинскиот културен центар од 13 часот ќе се одржи првата од четирите работилници во придружната програма на годинашниот фестивал.

Тема на работилницата е „Јас снимив филм. Никогаш нема да го видите, освен ако....“  и е наменета за дистрибуција на филм. Ќе ја води италијанската режисерка и продуцентка Клаудија Тоси.

Следната работилница на „Синедејс“ е на 14 ноември во МКЦ - мастерклас на српскиот сценарист и режисер Мирослав Момчиловиќ - за промена на планови во еден кадар како вид монтажа.

На 15 ноември на Факултетот за драмски уметности работилница за нарација: „Како може да изградиме цврсти наративи за филмови?“ ќе одржи Саваш Арслан, професор на Факултетот за филмски уметности на Универзитетот Бахчешехир во Истанбул.

Организаторите на „Синедејс“ го издвоија еднодневното предавање за скрининг-техники на снимање аудиции и филмови кое на 18 ноември од 10 часот во МКЦ ќе го одржи познатата кастинг-директорка од САД Ненси Бишоп. Таа работи во Лондон и Прага и има избрано таленти за споредни улоги за стотина проекти, како „Невозможна мисија 4“, „Борновиот идентитет“ и „Ледокршач“.

Претходниот ден, 17 ноември, Ненси Бишоп и новинарката Анила Гајевиќ од Сараево од 19 часот во МКЦ ќе одржат меѓународен маркетинг семинар за актери. хс/са/08:03

###

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.