• A-
  • A
  • A+
петок, 24 ноември 2017, 

Есенски базар на домашни ракотворби во општина Бутел

Есенски базар на домашни ракотворби во општина Бутел

Скопје, 11 ноември 2017 (МИА) - Есенски базар на домашни ракотворби „Занаетчиски колаж 2017“ ќе се одржи од денеска до 14 ноември на две локации во општина Бутел, во организација на Здружението на уметници и ракотворци АРТИ КРАФТ од Скопје.

Според најавата, денеска и утре од 10 до 18 часот ќе бидат изложени ракотвори од базарот во дворот на црквата „Св. Спас“, а на 13 и 14 пред споменикот на Никола Јонков Вапцаров, спроти административната зграда на општина Бутел.

Ќе бидат претставени дела на занаетчии ракотворци од Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Турција, Албанија, Бугарија и Грција.

Покровител на есенскиот базар е градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски.  Ова е прв есенски базар во општина Бутел по повод  Денот на ослободувањето на Скопје - 13 Ноември.лв/са/08:02

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.