• A-
  • A
  • A+
петок, 24 ноември 2017, 

Петта недела расте цената на нафтата поради ситуацијата во Саудиска Арабија

Петта недела расте цената на нафтата поради ситуацијата во Саудиска Арабија

Њујорк, 10 ноември 2017 (МИА)Цената на нафтените фјучерси оваа недела се зголеми за 2,7 проценти, бидејќи апсењата на високи функционери во Саудиска Арабија, како дел од кампањата за борба против корупцијата, се доживуваат како зацврстување на моќта на принцот Мохамед бин Салман, кој го поддржува проширувањето на договорите меѓу членовите и оние кои не се членки на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) за да се намали производството.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), пред два дена соопшти дека глобалната побарувачка за нафта постепено ќе се намалува. 

Сепак, фосилните горива и во иднина ќе бидат главен извор на енергија.

ОПЕК наведе дека глобалната годишна просечна побарувачка од 1,3 милиони барели дневно меѓу 2016 и 2020, ќе се намали на 300.000 барели дневно до 2035-2040 година.

Во објавениот редовен годишен извештај, ОПЕК наведе дека обновливата енергија ќе има најбрз раст, но дека уделот во вкупната енергија ќе биде под 5,5 отсто до 2040 година.

Според извештајот, фосилните горива, кои претставуваат 81 процент од изворите на енергија во 2015 година, до 2040 година ќе паднат на 74 отсто. ир/зш/17:07

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.