• A-
  • A
  • A+
среда, 22 ноември 2017, 

Удрил со возило во група ученици, двајца потешко повредени

Удрил со возило во група ученици, двајца потешко повредени

Париз, 10 ноември 2017 (МИА) - Најмалку три лица се повредени, кога еден човек пред средно училиште во близина на Тулуз, намерно удрил со автомобил во група ученици, соопшти француската полиција.

Две од три лица се здобија
со посериозни повреди.

Возачот на автомобили, познат на полицијата за прекршоци, беше уапсен на самото место.

Тој е роден во 1989 година, признал дека намерно ги удрил во групата ученици и мирно и се предал на полицијата. Повредените ученици се Кинези, на возраст од 22 и 23 години. ир/18:42

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ