• A-
  • A
  • A+
понеделник, 20 ноември 2017, 

САД предлагаат разместување на 20.000 мировници во Донбас

САД предлагаат разместување на 20.000 мировници во Донбас

Вашингтон, 10 ноември 2017 (МИА) - Вашингтон подготвува предлог до Москва за разместување на 20.000 мировници во источна Украина, објави Волстрит џурнал. Предлогот ќе биде ставен  на разгледување на најавената средба на руски и американски преговарачи што требаше да се одржи претходно, но беше одложена, најверојатно од технички причини.

Следната недела во Белград треба да се сретнат Владислав Сурков, помошник на рускиот претседател, и Курт Вокер, специјален пратеник на САД за конфликтот во Донбас.

Оваа тема може да биде поставена на дневен ред и на средбата помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот колега Владимир Путин, кои денеска треба да се сретнат на Азиско-пацифичкиот самит за економска соработка (АПЕК) во Виетнам.

Русија претходно одобри разместување мировници во источна Украина, но во многу помал број од неколку стотици и само за заштита на мониторинг мисијата на ОБСЕ.

- Вашингттон има намера да ја испита подготвеноста на Москва за окончување на украинскиот конфликт. Предлогот до Русија за распоредување 20.000 мировници во источна Украина ќе биде доставен до руски официјални лица во наредните денови, пишува весникот повикувајќи се на извори во САД и ЕУ.

Изданието констатира дека станува збор за општа мировна мисија која не мора да биде под закрила на ОН. Мисијата може да биде под  ОБСЕ или едноставно да е составена од претставници на коалиција  доброволци.

Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Донбас моментално нема мандат да спроведува такви активности и нема мировници во своите редови.

Весникот не успеа да добие официјални коментари од Белата куќа во Вашингтон.

Од украинска страна наведуваат дека бројот на предложени мировници се уште не е утврдена и дека постојат и други модели за решавање на кофликтот за кои уште ќе се преговара.

Од своја страна пак, од Москва истакнаа дека разместувањето на мировници во источна Украина е од безбедносни причини, односно заштита на набљудувачите на ОБСЕ само на линиите на разграничивање на двете завојувани страни, но не и на другите места каде тие извршуваат мониторинг.

- Кога Русија понуди свои идеи за проблемот, Украина беше подготвена да излезе со свои предлози, изјави вчера Вокер во Киев. Тој додаде дека проблемот нема да се реши со инсистирање на контрарезолуција туку со дискусија за принципите, за тоа што треба да прави една ефективна мировна мисија.

Вокер потврди дека следната недела во Белград ќе се сретне со Сурков да дискутираат за перспективите за разместување на мировници од ООН. бк/зш/18:32

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Форбс“: Бијонсе е најплатената жена во светот на музиката

Списанието „Форбс“ ја прогласи Бијонсе за најплате...

Германски научник: Не треба да се плашиме од роботите

Футуристот Матијас Хоркс, кој е основач на германс...

Необична појава на небото над Лапонија (видео)

Атле Сталесен, новинар од финскиот весник „Баренц ...

Руска пензионерка освои седум милиони евра на лотарија (видео)

Пензионерка од руската Вороњешка Област, 600 килом...

Озлогласениот убиец Чарлс Менсон почина на 83-годишна возраст

Еден од најозлогласените криминалци на светот, Чар...