• A-
  • A
  • A+
петок, 24 ноември 2017, 

Конференција за ретки болести во МАНУ

Конференција за ретки болести во МАНУ

Скопје, 11 ноември 2017 (МИА) - Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ја организира шестата конференција за ретки болести. 

Конференцијата е за педијатри, интернисти, невролози, нефролози, лекари за семејна медицина, генетичари, биохемичари, биолози, лекари од Македонија и од Југоисточна Европа. 

- Благодарејќи на овие состаноци повеќе болести што порано не се лекуваа во земјата сега се лекуваат. Истовремено, нови гени, нови молекуларни механизми на настанок на болести и нови лекувања резултираа од истражувањата и во нашата земја, соопшти МАНУ. 

Поддржувачи на конференцијата се Македонското лекарско друштво и Лекарската комора на Македонија. мд/са/07:56

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ