• A-
  • A
  • A+
петок, 24 ноември 2017, 

Мадрид е загрижен за манипулативните пораки од Русија за каталонската криза

Мадрид е загрижен за манипулативните пораки од Русија за каталонската криза

Мадрид, 10 ноември 2017 (МИА) - Шпанската влада денеска соопшти дека на социјалните мрежи се регистрирани манипулации со информациите за каталонската криза, кои доаѓаат од територијата на Русија, и сака за ова да се разговара на Советот на Европската унија за надворешни работи в понеделник.

- Според она што владата го установи, многу пораки и мешања на социјалните мрежи доаѓаат од руската територија. Со акцент на вистинскиот израз - руска територија, што не значи нужно дека станува збор за руската влада, изјави министерката за одбрана Марија Долорес де Коспедал на прес-конференција во Мадрид по седницата на Министерскиот совет. ир/20:36

###



 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ