• A-
  • A
  • A+
среда, 22 ноември 2017, 

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија бомбардираше цели во Сана

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија бомбардираше цели во Сана

Сана, 11 ноември 2017 (МИА) - Коалицијата предводена од Саудиска Арабија изведе два напада врз зградата на јеменското Министерство за одбрана во Сана, додека во третиот напад бил погоден станбен реон.

Во нападите повредени се осум лица, а две куќи се разурнати.

Нападите се извршени во област што е под контрола на шиитските бунтовниците Хути.

Тоа е втор напад на Саудиска Арабија за една недела, откако беше пресретната балистичка ракета истрелна од територијата на Јемен кон аеродромот Кинг Халид во Ријад

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија се вмеша во конфликтот во Јемен во 2015 година. Новите напади уште повеќе ќе ги зголемат тензиите на Блискиот Исток помеѓе двете регионални сили - сунитска Саудиска Арабија, која ја поддржува меѓународно признаената јеменска Влада и Иран, кој ги поддржува шиитските бунтовници, Хути.

Коалицијата претходно воведе блокада за Јемен, поради што Обединети нации апелираа за укинување на блокадата, која не ја пропушта ниту хуманитарната помош, бидејќи милиони луѓе се доведени во смртна опасност.

Според податоци на ОН, во конфликтот во најсиромашната арапска држава до сега загинале 8650 луѓе, а околу 58.600 се повредени, Јемен се соочува со најтешката хуманитарна криза во светот. ми/02:46

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.