• A-
  • A
  • A+
понеделник, 20 ноември 2017, 

Премиера на „Бракот е брак“ во Театар Комедија

Премиера на „Бракот е брак“ во Театар Комедија

Скопје, 15 ноември 2017 (МИА) - Претставата „Бракот е брак“ на режисерката Теа Беговска, работена според „Просидба“ од Антон Павлович Чехов ќе биде премиерно изведена вечер во Театар Комедија во Скопје.

Театарската екипа ја сочинуваат Роберт Ристов, Столе Мицов, Ева Скендеровска, Ердоан Максут и Миа Кантарџиева. Музиката е на Енес Беговски, сценографијата на Сергеј Светозарев, а костимографијата на Марта Дојчиновска.

Ова е трета нова премиера од отворањето на новата сезона на Театар Комедија.

Според режисерката Беговска, претставата обработува цел еден процес на правење претстава, проблематики на режисерот, на актерите, на театарот како институција видени низ ликот на директорот. аа/са/07:46

###



Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Форбс“: Бијонсе е најплатената жена во светот на музиката

Списанието „Форбс“ ја прогласи Бијонсе за најплате...

Германски научник: Не треба да се плашиме од роботите

Футуристот Матијас Хоркс, кој е основач на германс...

Необична појава на небото над Лапонија (видео)

Атле Сталесен, новинар од финскиот весник „Баренц ...

Руска пензионерка освои седум милиони евра на лотарија (видео)

Пензионерка од руската Вороњешка Област, 600 килом...

Озлогласениот убиец Чарлс Менсон почина на 83-годишна возраст

Еден од најозлогласените криминалци на светот, Чар...