• A-
  • A
  • A+
понеделник, 20 ноември 2017, 

ЕУ ќе финансира осум проекти за поддршка на реформи од Поглавјето 20

ЕУ ќе финансира осум проекти за поддршка на реформи од Поглавјето 20

Скопје, 15 ноември 2017 (МИА) - Во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20 (YESNetwork +)“ финансиран од ЕУ денеска во Скопје ќе се одржи Инфо ден за повик за доделување грантови на граѓански организации. 

За реализација на проектите се предвидени средства во висина од 3.688.866 денари, или 60 000 евра. Максималниот износ за грант спроведуван на локално ниво изнесува 307.405 денари, а за грант спроведуван на национално ниво изнесува 614.811 денари. Најмалку 8 проекти ќе бидат поддржани и тоа четири на локално ниво и четири на национално ниво.

- Целта е да се придонесе кон зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за креирање и следење на политики и за поддршка на реформите во Поглавје 20, како и да се промовираат нови пристапи, механизми и инструменти од областа на претприемништвото и индустријата на локално и национално ниво, соопштуваат од Фондација за Претприемачки сервис за млади. 

Воедно, додаваат оттаму, ќе се придонесе кон зголемувањето на свеста за важноста на Поглавје 20 во процесот на пристапување кон ЕУ. сст/са/07:44

###

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Форбс“: Бијонсе е најплатената жена во светот на музиката

Списанието „Форбс“ ја прогласи Бијонсе за најплате...

Германски научник: Не треба да се плашиме од роботите

Футуристот Матијас Хоркс, кој е основач на германс...

Необична појава на небото над Лапонија (видео)

Атле Сталесен, новинар од финскиот весник „Баренц ...

Руска пензионерка освои седум милиони евра на лотарија (видео)

Пензионерка од руската Вороњешка Област, 600 килом...

Озлогласениот убиец Чарлс Менсон почина на 83-годишна возраст

Еден од најозлогласените криминалци на светот, Чар...