• A-
  • A
  • A+
понеделник, 20 ноември 2017, 

Меѓународна научна конференција „Минатото на јазичниот свет - денес и утре“

Меѓународна научна конференција „Минатото на јазичниот свет - денес и утре“

Скопје, 15 ноември 2017 (МИА) - „Минатото на јазичниот свет – денес и утре“ е насловена втората меѓународна научна конференција која денеска и утре ја организира Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во рамки на Отворените денови кои се одржуваат од 13-ти до 17 ноември.

На конференцијата се најавени 68 учесници, 33 повеќе од првата меѓународна конференција минатата година. Покрај од Македонија, ќе учествуваат лингвисти од седум земји: Босна и Херцеговина, Косово, Полска, Русија, Словенија, Србија и Хрватска.

- Бројот од седумдесетина научни работници, еминентни професори, ветува богата програма и нови научни сознанија од македонистиката, славистиката и воопшто од лингвистиката, изјави Лидија Тантуровска, претседателка на Организацискиот одбор на конференцијата.

Во три паралелни сесии во двата дена од конференцијата учесниците ќе дискутираат на разновидни теми од граматика, лексикологија, фразеологија, историја, дијалектологија, социолингвистика на македонскиот јазик во споредба со други словенски и несловенски јазици.

На отворањето на конференцијата денеска ќе биде промовиран и Хрватско-македонски речник. Покрај работен дел, за учесниците ќе има и факултативна посета на Маврово. хс/са/07:44

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Форбс“: Бијонсе е најплатената жена во светот на музиката

Списанието „Форбс“ ја прогласи Бијонсе за најплате...

Германски научник: Не треба да се плашиме од роботите

Футуристот Матијас Хоркс, кој е основач на германс...

Необична појава на небото над Лапонија (видео)

Атле Сталесен, новинар од финскиот весник „Баренц ...

Руска пензионерка освои седум милиони евра на лотарија (видео)

Пензионерка од руската Вороњешка Област, 600 килом...

Озлогласениот убиец Чарлс Менсон почина на 83-годишна возраст

Еден од најозлогласените криминалци на светот, Чар...