• A-
  • A
  • A+
сабота, 20 јануари 2018, 

„Очи за еднаквост” - конференција за лицата со посебни потреби

„Очи за еднаквост” - конференција за лицата со посебни потреби

Скопје, 15 ноември 2017 (МИА) - Наоди од истражувањата и анализите за потребите за промени за лицата со посебни потреби во областите на социјална заштита, образование, здравствена заштита, вработување и квалитет на живот, ќе бидат презентирани денеска на Конференцијата „Очи за еднаквост“ во организација на Хелсиншкиот комитет, посветена на лицата со попреченост.

Воведно обраќање ќе имаат министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, британскиот амабасадор во Македонија, Чарлс Герет и извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права Уранија Пировска, а ќе учествуваат и претставници од министерствата надлежни за областите за кои биле спроведени истражувањата.

Конференцијата е дел од проектот „Поддршка од граѓанското општество кон политиките за социјална кохезија и различностите” поддржан од Британската амбасада во Македонија.

Попладне ќе се одржи и Маршот на толеранцијa „Гледај со срцето, прифати ја различноста“ кој започнува во 15 часот од Музеј на Град Скопје. Оттаму, учесниците ќе се движат по улица Македонија, а маршот, кој е поддржан од 25 граѓански организации, ќе заврши со обраќања од учесниците во парк „Жена борец” спроти Собранието на РМ. сст/са/07:42

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...

Папата венча стјуардеса и стјуард во авион

Папата Франциско ги венчаше стјуардесата и стјуард...

Волк побегна од резерват во близина на училиште во британскиот град Рединг

Волк избега од резерват за диви животни, кој е во ...

Харвард работи на „таблета за генијалност"

Научници од Универзитетот Харвард сметаат дека „ск...