• A-
  • A
  • A+
понеделник, 20 ноември 2017, 

Промоција на „Еленот слуша виножито“ од Магдалена Чапаровска

Промоција на „Еленот слуша виножито“ од Магдалена Чапаровска

Скопје, 15 ноември 2017 (МИА) - Дебитантската стихозбирка „Еленот слуша виножито” од младата поетеса Магдалена Чапаровска вечер ќе биде промовирана во клубот „Менада“ во Скопје. Делото го издаде Издавачкиот центар „Три“.

Промотор на збирката ќе биде писателот и поет Стефан Марковски, а стиховите ќе ги чита младата актерка Владанка Димковска.

-  Иако се работи за поезија која е инспирирана од актуелни, современи проблеми (ангажирана поезија), сепак песните во оваа книга се издигнуваат на повисоко естетско ниво благодарение на длабоката семантика и умножените значења, потенцира рецензентката Виолета Танчева-Златева за оваа прва поетска пројава на Чапаровска.

Според Танчева-Златева, се работи за стихови на млада личност која негува голема страст кон животот, има длабока смисла за детали, поседува префинета интуитивност и сензуалност, а сепак во позадина прозвучуваат со тон на длабока меланхолија, а наместа и иронија.

Магдалена Чапаровска (1983) е родена во Скопје. Дипломирала и магистрирала Општа психологија и советување во Солун. Пишува проза и поезија од рана возраст. Досега учествувала на повеќе литературни конкурси и фестивали. мд/са/07:45

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Форбс“: Бијонсе е најплатената жена во светот на музиката

Списанието „Форбс“ ја прогласи Бијонсе за најплате...

Германски научник: Не треба да се плашиме од роботите

Футуристот Матијас Хоркс, кој е основач на германс...

Необична појава на небото над Лапонија (видео)

Атле Сталесен, новинар од финскиот весник „Баренц ...

Руска пензионерка освои седум милиони евра на лотарија (видео)

Пензионерка од руската Вороњешка Област, 600 килом...

Озлогласениот убиец Чарлс Менсон почина на 83-годишна возраст

Еден од најозлогласените криминалци на светот, Чар...