• A-
  • A
  • A+
сабота, 20 јануари 2018, 

Регионална конференција „Јакнење на финансискиот надзор на парламентите од Западен Балкан“

Регионална конференција „Јакнење на финансискиот надзор на парламентите од Западен Балкан“

Скопје, 15 ноември 2017 (МИА) - Регионална конференција за „Јакнење на финансискиот надзор на парламентите од Западен Балкан“ ќе се одржи денеска во Скопје. 

Пратеници и претставници од парламенти од Западен Балкан и тоа од Македонија, Албанија, БиХ, Црна Гора, Србија и Косово заедно со претставници од Светската банка, регионални експерти и претставници од европскиот парламент, ќе разговараат за различните аспекти на регионалната соработка и за тоа како да се унапреди буџетскиот и законодавниот надзор на Западен Балкан.  

Регионалната конференција е во организација на Вестминстер фондацијата за демократија, Светската банка и Мрежата на парламентарни комисии за економија, финансии и евроинтеграции на Западен Балкан ќе се одржи денеска во Скопје. Ќе ја отвори претседателот на Собранието Талат Џафери, а ќе се обратат и пратеникот Артан Груби, претставникот на Фондацијата за демократија на Вестминстер Крис Левик и амбасадорката на Швајцарија во Македонија Сибил Зутер. ев/са/07:43

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...

Папата венча стјуардеса и стјуард во авион

Папата Франциско ги венчаше стјуардесата и стјуард...

Волк побегна од резерват во близина на училиште во британскиот град Рединг

Волк избега од резерват за диви животни, кој е во ...

Харвард работи на „таблета за генијалност"

Научници од Универзитетот Харвард сметаат дека „ск...