• A-
  • A
  • A+
сабота, 20 јануари 2018, 

Евроинтеграциите и приоритетите за влез во НАТО на владина седница

Евроинтеграциите и приоритетите за влез во НАТО на владина седница

Скопје, 15 ноември 2017 (МИА) - Состојбата и напредокот во процесот на европската интеграција, користењето и имплементацијата на фондовите на ЕУ и статусот на реализација на приоритетите за влез во НАТО е една од точките кои ќе бидат разгледани на седницата на Владата на Република Македонија закажана за денеска попладне.

Како што соопштија од владината прес-служба, на седницата ќе се најде и предлог - законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Советот на Министри на Босна и Херцеговина за заемно признавање и замена на возачки дозволи, информациите за модели за подобрување на функционирањето на проектот „Отворање на Народни кујни“, како и за текот на активностите поврзани со книгите од проектот за превод и печатење на 50 универзитетски учебници кои се употребуваат на првите 10 рангирани универзитети согласно Шангајската листа за 2015 година. 

Министрите на седницата ќе ја разгледаат и информацијата во врска со потребата од склучување на Анекс кон Договорот за доделување на државна помош склучен со Владата на Република Македонија и компанијата корисник на ТИРЗ Штип „Џонсон Контролс ДООЕЛ Штип“.

Министрите, во рамки на седницата, се наведува, ќе ја разгледаат и информацијата за изменување и дополнување на Спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Европската Комисија за финансирање во однос на повеќегодишната Оперативна програма „Регионален развој“.вг/са/07:36

###

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...

Папата венча стјуардеса и стјуард во авион

Папата Франциско ги венчаше стјуардесата и стјуард...

Волк побегна од резерват во близина на училиште во британскиот град Рединг

Волк избега од резерват за диви животни, кој е во ...

Харвард работи на „таблета за генијалност"

Научници од Универзитетот Харвард сметаат дека „ск...