• A-
  • A
  • A+
сабота, 20 јануари 2018, 

Македонско-австриски деловни средби

Македонско-австриски деловни средби

Скопје, 15 ноември 2017 (МИА) - Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка помеѓу Република Македонија и Република Австрија, Стопанската комора на Македонија и Трговското одделение на Амбасадата на Австрија во Република Македонија организираат Македонско-австриски деловни средби.

Билатералните средби ќе се одржат во рамките на трговската мисија на Стопанската комора на Австрија, а како дел од делегацијата ќе бидат присутни и еминентни австриски бизнисмени со кои што македонските компании ќе имаат можност да остварат директни бизнис-средби.

Области понудени за соработка се: енергетски решенија и услуги во областа на фотоволтаиците и складирањето на енергија, проектирање и изведба на индустриски хали и челични конструкции, добавувачи на системи за преработка и пренесување на минерални суровини, како и за производство на бетонски постројки и транспортери за бетон, производство на првокласни сирења и системи за заштита од громови, за заштита од пренапојување, како и системи за заземјување, информираат од Стопанската комора на Македонија. вг/са/07:42

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...

Папата венча стјуардеса и стјуард во авион

Папата Франциско ги венчаше стјуардесата и стјуард...

Волк побегна од резерват во близина на училиште во британскиот град Рединг

Волк избега од резерват за диви животни, кој е во ...

Харвард работи на „таблета за генијалност"

Научници од Универзитетот Харвард сметаат дека „ск...