• A-
  • A
  • A+
понеделник, 20 ноември 2017, 

Бегалците кои во центарот на Атина штрајкуваа со глад, го прекинаа протестот

Бегалците кои во центарот на Атина штрајкуваа со глад, го прекинаа протестот

Атина, 15 ноември 2017 (МИА) - Четиринаесет бегалци кои две недели штрајкуваа со глад и кампуваа на плоштадот Синтагма во центарот на Атина синоќа го прекинаа штрајкот.

Седуммината мажи и седумте жени, кои бараат да бидат обединети со нивните семејства кои се веќе во Германија, соопштија дека го прекинале штрајкот со глад за да ги заштитат своите деца кои се со нив на плоштадот Синтагма, од студеното, влажно време.

На синоќешната прес-конференција тие рекоа дека, иако го прекинуваат штрајкот со глад, ќе продолжат со својата борба „со цел нивните гласови да се слушнат во Грција и во Германија“.

Бегалците побараа да се забрза процесот за нивно испраќање во Германија, како дел од шемата на ЕУ за релокација на бегалци. јт/зш/07:53

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Форбс“: Бијонсе е најплатената жена во светот на музиката

Списанието „Форбс“ ја прогласи Бијонсе за најплате...

Германски научник: Не треба да се плашиме од роботите

Футуристот Матијас Хоркс, кој е основач на германс...

Необична појава на небото над Лапонија (видео)

Атле Сталесен, новинар од финскиот весник „Баренц ...

Руска пензионерка освои седум милиони евра на лотарија (видео)

Пензионерка од руската Вороњешка Област, 600 килом...

Озлогласениот убиец Чарлс Менсон почина на 83-годишна возраст

Еден од најозлогласените криминалци на светот, Чар...