• A-
  • A
  • A+
понеделник, 20 ноември 2017, 

Истражување: Минатата година намален бројот на терористички напади

Истражување: Минатата година намален бројот на терористички напади

Лондон, 15 ноември 2017 (МИА) – Бројот на убиени во терористички напади во 2016 година е намален, но повеќе држави биле погодени од напади на терористи. Тоа се наведува во Светскиот индекс за терористички напади објавен во Лондон.

Според Индексот, во 2016 година во терористички напади загинале 25.673 луѓе, што е за 22 отсто помалку во споредба со 2015 година. Бројот на убиени во терористички напади е намален во четири од петте најпогодени држави со тероризам – Сирија, Пакистан, Авганистан и Нигерија.

Петтата најпогодена држава – Ирак, како што се наведува во Индексот, продолжува да плаќа висока цена и таму се зголемени бројот на напади на ИД. Само во 2016 година загинале 9.765 луѓе.

Во минатата година од тероризам биле погодени 77 држави. Тоа е за 12 држави повеќе отколку во 2015 година кога терористички напади се регистрирани во 65 држави.

За европските држави се нагласува дека минатата година била најсмртоносна во однос на терористички напади од 1988 година.

Индексот е создаден во 2012 година и користи податоци од Глобалната база информации за тероризам, што ја води државниот Универзитет во американската држава Мериленд.

Индексот го подготвува Иследничкиот центар на австралискиот Институт за економија и мир и се објавува во Лондон. паг/зш/08:01

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Форбс“: Бијонсе е најплатената жена во светот на музиката

Списанието „Форбс“ ја прогласи Бијонсе за најплате...

Германски научник: Не треба да се плашиме од роботите

Футуристот Матијас Хоркс, кој е основач на германс...

Необична појава на небото над Лапонија (видео)

Атле Сталесен, новинар од финскиот весник „Баренц ...

Руска пензионерка освои седум милиони евра на лотарија (видео)

Пензионерка од руската Вороњешка Област, 600 килом...

Озлогласениот убиец Чарлс Менсон почина на 83-годишна возраст

Еден од најозлогласените криминалци на светот, Чар...