• A-
  • A
  • A+
среда, 13 декември 2017, 

Политички земјотрес во Берлин, што сега?

Политички земјотрес во Берлин, што сега?

21 ноември 2017 

Дојче Веле - Берлин

Откако пропаднаа коалициските преговорои за т.н. Јамајка коалиција во Германија, за што како причина шефот на либаралите Кристијан Линднер ги наведе преголемите разлики, најочигледна опција се нови избори, што би било нешто сосема ново во историјата на земјата.

Повеќе од еден месец ѕтаеја прелиминарните разговори или т.н. сондирање за коалиција каква што никогаш не постоела на сојузно ниво. Но, партиите чии бои се како боите на знамето на Јамајка - црна - демохристијаните (заедно со баварските конзеррвативци), жолта - либералите и зелена - зелените, на големо потфрлија во обидот да најдат заеднички именител.

Германија коалициски преговори

- Подобро е да не се владее отколку погрешно да се владее, изјави шефот на либаралите Кристијан Линднер, кога во неделата пред полноќ објави дека преговорите пропаднале.

Тој додаде дека четирите партии немале заеднчка визија за модернизација на земјата и оти особено недостасувала доверба. Неговите соработници во неколку интервјуа беа остри кон канцеларската Ангела Меркел на која и префрлија дека очајно ги водела преговорите, дека владеел хаос и дека сакала само да ја продолжи политиката што ја водела во се уште актуелната Влада со социјалдемократите.

Во име на демохристијаните и баварската сестринска партија, канцеларката Ангела Меркел рече дека сториле се за да се најде решение. Таа додаде дека многу жали што разговорите не биле успешни и целиот тек на преговорите го петстави дијаметрално спротивно од либералите, тврдејќи дека е постигнато многу и оти меѓу нејзината партија и либералите немало ненадминливи разлики.

Ангела Меркел

Слично се изјаснија и лидерите на Зелените. Копретседателот на партијата Џем Оздемир им префрли на либаралите дека од почетокот не биле доволно подготвени да влезат во коалиција. Либералите според него, ја одбиле и уништиле единствената можна комбинација за формирање влада.

Според инфомации на Дојче Веле, најголем камен на сопнување биле преговорите за климата и бегалците. Зелените се согласиле на компромис околу климатските цели, но до крај инсистирале бегалците  во Германија да можат да си ги донесат и своите семејства.

Се наведува дека либералите во прв план како проблем ги истакнале дополнителните јавни инвестиции што ги бараат зелените, додека либералите повеќе би сакале намалување на данокот и растоварување на граѓаните и стопанството.

Што сега?

Социјалдемократите, кои со само 20 отсто од гласовите на изборите од крајот на септември имаа најлош резултат во повоената историја, повторија дека за нив продолжувањето на т.н. голема коалиција се уште не доаѓа предвид.

Мартин Шулц

Потпретседателот на партијата Ралф Штегнер рече дека сепак не треба лесно да се свикуваат нови избори. Не е баш најасно што сакаше Штегнер да каже со тоа. Математички и политички се исцрпени сите опции освен евентуално малцинска влада на Ангела Меркел за која шансите се минимални. СПД веќе најави дека како опозиција таква Влада нема да толерира.

Повторувањето на изборите, што би било прво во историјата би се одржало според членот 63 од Уставот: Сојузниот претседател Франк-Валтер Штајнмајер прво мора да предложи некого за позицијата канцелар. Ако таа личност нема мнозинство во Бундестагот, почнува втората фаза во која Бундестагот има две недели време да се договори за канцелар. Ако ни тоа не успее во третата фаза е доволно и релативно мнозинство гласови. Во тој случај претседателот оваа личност може да ја именува за канцелар(ка) на малцинска влада, но може да свика и нови избори во рок од 60 дена.

Анкетите од последните недели не покажаа значителни промени во расположението на избирачите. Можно е демохристијаните, либералите и зелените да ги чекаат две лоши сценарија или ќе мора да преговараат во ист состав и по новите избори или десничарите од Алтернативата за Германија (АФД) ќе зајакнат за уште некој процент и ќе стават уште поголем притисок пред некоја идна влада. јт/сп/08:28

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Косовско село украсено како од бајките

Косовското село Петершан, кое се наоѓа на неколку ...

„Хафингтон пост“ објави листа на 18 најдобри филмови во 2017 година

Американскиот весник „Хафингтон пост“ објави листа...

Затвореник им се предаде на властите по 20 години минати во бегство

Затвореникот Гасан Салех (66), кој пред 20 години ...

Писториус повреден во затворска тепачка

Некогашниот параолимпиец Оскар Писториус е повреде...

Почина американски војник кој пијан дезертираше во Северна Кореја

Американски војник, кој пред повеќе од половина ве...