• A-
  • A
  • A+
среда, 13 декември 2017, 

МААЕ: Иран ги почитува обврските од нуклеарниот договор

МААЕ: Иран ги почитува обврските од нуклеарниот договор

Виена, 23 ноември 2017 (МИА) - Иран ги исполнува сите обврски кои се предвидени со нуклеарниот договор што го има склучено со САД, Велика Британија, Франција, Германија, Русија и Кина, изјави директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Јокија Амано. 

Со тоа се отфрлени сомненијата на американскиот претседател Доналд Трамп, дека Иран не и дозволува на МААЕ да изврши увид во некои објекти и дека на тој начин договорот нема да ја попречи екстремистичката организација Исламска држава да произведува нукеларни оружја. 

Иран нуклеарка

- ОИран ги исполнува преземените обврските, нагласи Амано.

Тој сепак истакна, дека Иран мора строгите правила за инспекции да ги регулира со закон, бидејќи сегашните одредби за нивно спроведување имаат времен карактер.  

- До денеска МААЕ имаше пристап до сите места кои требаше да ги посети, забележа Амано.  

Како што претходно јави МИА, Трамп настојува Договорот да биде преразгледан и да вклучува построги должности за Иран. см/ми/14:00

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Косовско село украсено како од бајките

Косовското село Петершан, кое се наоѓа на неколку ...

„Хафингтон пост“ објави листа на 18 најдобри филмови во 2017 година

Американскиот весник „Хафингтон пост“ објави листа...

Затвореник им се предаде на властите по 20 години минати во бегство

Затвореникот Гасан Салех (66), кој пред 20 години ...

Писториус повреден во затворска тепачка

Некогашниот параолимпиец Оскар Писториус е повреде...

Почина американски војник кој пијан дезертираше во Северна Кореја

Американски војник, кој пред повеќе од половина ве...