• A-
  • A
  • A+
среда, 13 декември 2017, 

Економијата во еврозоната се движи кон најдобриот квартал од 2011 година

Економијата во еврозоната се движи кон најдобриот квартал од 2011 година

Лондон, 23 ноември 2017 (МИА) - Економијата на еврозоната е на пат кон постигнување најдобри резултати од почетокот на 2011 година, покажуваат податоците објавени денеска.

Лондонски институт Маркит соопшти дека индексот на набавка во економијата, кој мери деловни активности во услужните сектори, во ноември за еврозоната се искачи на 57,5 поени од 56 поени во претходниот месец. Секоја вредност над 50 укажува на раст, а сега овој индекс е на највисоко ниво од април 2011 година.

Главниот економист на Маркит, Крис Вилијамсон рече дека „бизнисот цвета", и дека работните места се создаваат по највисока стапка од почетокот на милениумот.

Економскиот раст во еврозоната во четвртиот квартал би можел да биде 0,8 отсто, рече тој, додавајќи дека со ова ќе биде завршена „најдобра година во деценијата."

И пред ова истражување, еврозоната беше на пат кон највисок раст во изминатите 10 години. Претходно овој месец Европската унија ги зголеми прогнозите за економскиот раст на еврозоната на 2,2 отсто, што е највисок од 2007 година.

Обемот на закрепнувањето на еврозоната изненади многу економисти.

На почетокот на оваа година, многумина стравуваа дека еврозоната, веќе потресена од одлуката на референдумот на Велика Британија да излезе од Европската унија, со грижи за еврото и серија на важни избори, би  можела да биде пред тешки времиња.  ир/зш/20:25

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Косовско село украсено како од бајките

Косовското село Петершан, кое се наоѓа на неколку ...

„Хафингтон пост“ објави листа на 18 најдобри филмови во 2017 година

Американскиот весник „Хафингтон пост“ објави листа...

Затвореник им се предаде на властите по 20 години минати во бегство

Затвореникот Гасан Салех (66), кој пред 20 години ...

Писториус повреден во затворска тепачка

Некогашниот параолимпиец Оскар Писториус е повреде...

Почина американски војник кој пијан дезертираше во Северна Кореја

Американски војник, кој пред повеќе од половина ве...